На 22 ноември 2009 година (недела), во манастирот Света Петка во с. Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот посветен на Преподобна Матрона, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.