Овој викенд во охридското село Велестово ќе се оддржи јубилејното дваесет и петто издание од манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.
Во рамките на дводневниот настан, предвиден е поетски портрет на младата македонска поезија со 14 домашни млади поети.
Исто така, предвидено е интернационално поетско читање со автори од Норвешка, Русија, Црна Гора, Бугарија и Словачка. На настанот ќе биде отворена изложбата на слики „Поетика и политика“ на Александар Станковски, а ќе настапи и ансамблот „Билјана“.
OhridNews