Охридскиот панк-рок бенд The Author, после подолго време повторно пред домашната публика. После минатонеделната свирка пред стружани, овој пат својот најнов материјал ќе го претстават пред охридските панкери, а ден подоцна ќе настапат и во Битола.


минатонеделниот настап во Струга

Настапот во Охрид ќе биде вечерва во клубот Харем, со почеток од 21часот. Во сабота ќе бидат поддршка за легендарниот скопски  состав Тотално Опуштање, кои официјално го промовираат својот четврти студиски албум.

Инаку, „Д Аутор“ на македонската музичка сцена опстојуваат веќе 6 години, а зад себе имаат бројни настапи ширум земјава. Нивниот деби-албум треба да излезе на почетокот од идната година.

О.Т.