Во организација на Танцовиот клуб „ Dancers United MK“, од утре до 14 септември, во Охрид ќе се одржи првиот по ред „ Ohrid Dance Festival“. Свеченото отварање ќе се одржи утре со почеток во 16 часот во хотел Силекс, а настапите на танчарите од Македонија, Куба, Кувајт, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора ќе можат да се проследат во сабота, од 22 часот во Cuba Libre.
За сите учесници е обезбедена одлична забава која ќе трае од раните утрински до доцните вечерни часови. Покрај одличната музика, танцот, забавите, забавите на плажа… организаторите обезбедија и обука за танц. Инструкторите кои својата вештина во танцот ќе ја споделат со сите учесници, се познати во регионот и светот, меѓу нив: Ведран Марчета (Сараево,БиХ), Лејна Кариќ-Лубарда (Сараево, БиХ), Арисон Лопез (Доминиканска Република), Хуан Де Диос Гала (Куба), Иван Јовановиќ и Ивана Јовановиќ (Подгорица, Црна Гора), Нермин Кочан и Сара Кочан (Скопје), Сања Василевиќ (Нови сад, Србија), Мустафа Ал-Асад (Кувајт), Катерина Стојковска (Скопје) и други.
Учесниците ќе имаат можност да танцуваат Салса , Салса Кубана, Салса Руеда Де Казино, Бачата, Доминиканска Бачата, Бачатанго, Танго, Афрорумба, Зоук, Кизомба, Регетон, Ча-ча и уште многу други стилови. Сите заинтересирани за учество на овој фестивал, повеќе информации можат да најдат на официјалната интернет страна на Dancers United MK (www.dancersunitedmk.org ) или на официјалната facebook страна (www.facebook/dancersunitedmk).
OhridNews