Километарски колони, прокувани возила, сообраќајки, нервозни возачи. Вака вчера попладне изгледаше магистралниот патен правец Св. Наум – Охрид. Од плажите до градот се патуваше со часови. Поради неколкуте сообраќајни незгоди на моменти автомобилите подолго време стоеа во место. Сообраќајната полиција и покрај зголемениот ангажман не успеа да ги ублажи летните гужви. Потрпеливите останаа на плажите до доцна, а останатите мораа со 5 на час да лазат до Охрид.


Од плажите до Охрид со 5 на час

Г.М./М.П