На подрачјето на Општина Охрид, во периодот од 31.01.2009 до 02.02.2009 година, регистрирани се: три кривични дела „Тешка кражба“ три кривични дела „Кражба“ едно кривично дело „Загрозување на сигурноста“ шест кривични дела „Оштетување“ и едно кривично дело „Измама“. Во истиот период, случени се две нарушувања на јавниот ред и мир и три сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од страна на полициските службеници, расветлено е едно кривично дело „Тешка кражба“.
    
Во истиот период на станичното подрачје Струга, случени се две кривични дела „Тешка кражба“ и четири кривични дела „Кражба“.

извор:СВР Охрид