Според метеоролози времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините ќе паѓа снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. 

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8, а дневната од 8 до 13 степени.

Во Охрид ќе преовладува претежно облачно време, со можни повремени врнежи, дневната температура ќе достигне до 8 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеролошки работи, врнежите ќе продолжат и во сабота, особено во претпладневните часови, но со послаб интензитет. Од недела времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела температурите ќе се движат од девет до 14 степени, а кон почетокот на наредната недела од 10 до 16 степени.

OhridNews