На 10-ти април, недела, членовите на Драмското студио за деца и младинци кое функционира при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведат детската претстава „Мачка со шапка“.

Претставата започнува во 12 часот, а влезниците чинат 100 денари.

За работа со членовите од драмското студио се ангажирани професионални театарски работници, кои се дел од тимот на охридскиот Народен театар.

OhridNews