На 25 јуни во спортската сала Билјанини извори таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид организира меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2022“. На натпреварот учество имаат пријавено клубови од 8 земји и тоа Словенија, Хрватска,БиХ, Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Албанија.
Натпреварот е организиран по највисоки стандарди на ИТФ, електронско судење, со можност за видео протест, пренос во живо на јутјуб, задолжен за судискиот систем е г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа е задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, на судискиот комитет за југоисточна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на ИТФ Македонија, претседател и тренер на најуспешниот клуб таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид.
За сите љубители вели Лазаревски влезот ќе биде бесплатен за да имаат можност да ги гледаат натпреварувачи и да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт, а сите подржувачи ќе имаат можност да ги гледаат во живо европските вицешампиони Давид Крстески, Елена Јанеска и Христијана Парулеска и да навиваат за нив.
Од клубот изразуваат благодарност до генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ” кој и овај пат велат е најзаслужен за одличната организација, како и до Општина Охрид.
OhridNews