Љубителите на етно музиката во сабота на 22-ри ноември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе може да уживаат во концертот на групата „Монистра“.
Оваа група е основана во 2002 година и свири македонската етно музика во современи аранжмани, со користење на традиционални инструменти.
Бендот го сочинуваат: Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда; Филип Николовски – тамбура; Јован Стрезоски – тамбура; Марјан Андоновски – перкусии; Дамјан Зифоски – перкусии; Габриела Јанушевска – вокал и Борче Ѓоргиев – клавијатури.
Концертот започнува во 20 часот, а влезниците чинат 100 денари.
OhridNews