Во петок од 20 часот во галеријата при Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Artificial Landscapes” на охриѓанката Ели Аиноска-Христовска.
Инсталацијата „Artificial Landscapes” претставува концептуален проект на уметничката Аиноска, чија што примарна цел е да исценира еден пејсаж од природата.
Инаку, настанот е во организација на Националната установа Завод и музеј Охрид во рамките на активностите од годишната програма.
OhridNews