Овој петок од 20:30 часот во Галеријата при Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Корени“ од уметникот Драган Гулицовски.
Оваа изложба претставува прво претставување на Гулицовски во Македонија по 20 години, а мотивите опфатени во неговите ликовни творби се тесно поврзани со убавините на Охрид, старата градска архитектура и езерото.
Инаку, уметничките дела на Гулицовски ќе бидат изложени до 5-ти идниот месец.
OhridNews