Во рамки на проектот “СТРУГА КРЕАТИВЕН ГРАД” подржан од Европската унија, ФООМ и Центарот за развој на локална демократија на 24 Јуни, сабота, во Струга ќе се одржи мултимедијален хепенинг на кој ќе биде отворен уличен мурал во центарот на градот.

По кејот на реката Дрим присутните ќе имаат можност да уживаат во звуците на локалните музичари кои ќе се претстават со свои музички перформанси, а ќе биде организирана и голема забава на која ќе гостува Марко Настиќ со целовечерен Дј сет. Како домашна подршка вечерта ке ја загреат Мирко Попов и Дј Боби.

OhridNews