„Сте слушнале за галерија Acanthus во Скопје? Лимон жолта старинска порта на “Орце Николов”, префинети виолетови ѕидови, црно скалило нагоре кое отвора пред вас прекрасна галерија со високи тавани каде ќе ве дочека претопла атмосфера со парижански призвук? Иии најдоброто од сѐ „it’s a popup store!“ Можете да си се подновите со лудило дизајнерски парчиња од наши етаблирани дизајнери кои работат за светските Balenciaga, Maison Margiela и Loewe, а дизајните ги носат дечките од Arctic Monkeys, па и Jay Z до Frank Ocean.“ Вака медиумите во Скопје ја опишуваат привремената продавница на охридскиот моден бренд „Румор“ и „KAPKA Jewelry“ отворена во галеријата „Акантус“ во Скопје, каде викендов ќе се одржи финалната продажба.

„РУМОР“ е концепт продавница со локација во Охрид која на македонската публика нуди колекции од етаблирани модни дизајнери кои работат за познатите модни куќи како „Balenciaga“, “Loewe“, “Martin Margiela“, по цени прилагодени на нашиот пазар.  Љубителите на модата ќе можат да купат креации од светски познатиот дизајнер Ристо Бимбилоски кој во моментов работи за модната куќа „Maison Margiela“ под водство на Џон Галијано. Исто така на продажниот настан ќе бидат застапени и модните брендови „SEV-Paris“ чии кошули ги носат ѕвезди како Artic Monkeys, Jay Z, Frank Ocean и други, како и рачно изработени марами на „WE ARE OWLS-NY“.

 

Привремената продавница на Румор“ и „Капка“ во галеријата „Акантус“ во Скопје, ќе биде отворена до 18-ти јуни.

OhridNews