Намалување на температурите и врнежи од дожд, најавуваат, метеролозите за престојниот викенд. Минималните температури денес и утре ќе се движат од 17-18 степени, а максималните 27 -28 степени.

Студената воздушна маса од север, која наредната недела ќе ја зафати Македонија, ќе предизвика пад на температурите од 10 до 15 целсиусови степени, прогнозираат метеролозите. Максимална температура која неделава беше 38 степени,  од понеделник ќе се спушти на 27 степени. Северниот ветер и студениот воздух ќе придинесат во среда температурата да се движи од 16 до 23 степени.

OhridNews