Викендов летната бавча при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде место каде што ќе се организира Уметничкиот фестивал Охрид – УФО, во организација на Центарот за културен проток „АРТерија“. 

Второто издание на овој фестивал по пауза од една година, на љубителите на уметноста ќе им понуди различни уметнички перфоманси и дисциплини, бројни изложби, графити, проекција на филмови и музички настани.

На настанот ќе учествуваат млади уметници од државава од различни уметнички профили, како и учесници од многу други земји од Европа и студенти на ФАМУ.

За филмските проекции направена е соработка со охриѓанецот Антонио Вељаноски – студент на Филмскиот и ТВ Факултет на Академијата за сценски уметности во Прага – “ФАМУ”, во чија селекција ќе бидат прикажани филмови од студентите при “ФАМУ” како и последното филмско остварување на Иво Трајков.

14 Јуни (петок)
-ГРАФИТИ (Зоран Мише & Ива Димитрова ,Илија Демо Богданоски & Незир ЗиРо Керимоски)
-МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС (Александра Поповска)
-ИЗЛОЖБА НА ДИЗАЈНЕРСКИ НАКИТ (Елена Ристовска, Ивана Наумоска Глухаич, Марта Пејоска)
-ИЗЛОЖБА (Ѓорѓи Крстевски, Јован Куциноски)
-ФИЛМОВИ(Георги Унковски, Лукаш Кокеш, Арамисова, Милена Станишлевиќ, Матеј Поспишил,Фиона Циклер, Зузана Кирхерова – Шпидлова
-МУЗИКА (Нино Флудер – Диџеј – сет)

15 Јуни (сабота)
-ГРАФИТИ (Зоран Мише & Ива Димитрова ,Илија Демо Богданоски & Незир ЗиРо Керимоски)
-МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС (Александра Поповска)
-ИЗЛОЖБА НА ДИЗАЈНЕРСКИ НАКИТ (Александра Шекутковска, Елена Ристовска, Ивана Наумоска Глухаич, Марта Пејоска)
-ИЗЛОЖБА (Ѓорѓи Крстевски, Јован Куциноски)
-ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ (Анета Василева , Снежана Стојчевска , Александар Станојков , Марјан Тасевски, Мира Смаќоска, Маја Мојсова)
-ФИЛМОВИ
Матуш Визар, Криштоф Јанковец, Либор Пикса, Наум Михајловски,Тијана Петковска,Мартин Мај, Иван Ивановски, Томаш Елшик)
-МУЗИКА -‘Промоција & ДЈ Перформанце (ДРЕАМФИЏ)’

16 Јуни (недела)
-ГРАФИТИ (Зоран Мише & Ива Димитрова ,Илија Демо Богданоски & Незир ЗиРо Керимоски)
-РАБОТИЛНИЦА ОРИГАМИ (Наташа Алексиќ -Едукативен Центар “ Глобал хоусе “ -Охрид)
-ИЗЛОЖБА НА ДИЗАЈНЕРСКИ НАКИТ (Марта Пејоска, Елена Ристовска, Ивана Наумоска Глухаич, Александра Шекутковска)
-ИЗЛОЖБА (Ѓорѓи Крстевски, Јован Куциноски)
-ФИЛМ („90 минути Берлин- проект“ – Иво Трајков)

Мотото на фестивалот е „УФО повторно напаѓа“, а како што вели организаторот новите содржини ќе бидат примамливи за охриѓани и туристите.

OhridNews