По повод празникот „Св. апостол и евангелист Лука и Св. Константин Кавасила“, на 31. oктомври 2020 (сабота), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, информира Дебарско – кичевската епархија.

Исто така на 01. Ноември 2020 (недела), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преподобен Прохор Пчински и пренесување на мошти на Св. Јован Рилски“, ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание. – соопшти Дебарско – кичевската епархија.

OhridNews