Викендот пред нас, покрај одлична забава во популарните охридски локали, ќе понуди многу културни настани и хуманитарни настани. Џез слави 30 години постоење, а Народен театар Охрид ќе изведе нова премиера.

Овој петок, 29 ноември, во организација на Клубот на млади при општинскиот Црвен крст, со почеток во 21 часот, во кафе бар Аквариус, ќе се одржи забава со хуманитарен карактер за да му се помогне на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо. Ќе настапат бендот Броз и Ансамбл Билјана.

Трајан Целески – Тачо е 30 годишен охриѓанец, истакнат атлетичар и спортист. Пред 2 години Тачо се избори против тумор на мозокот, но болеста повторно му се врати. Треба да замине на лекување на 30.11 поради критичната состојба.

Можете да донирате и на трансакциската сметка во Стопанска банка со број 500600018999581.

Петок, 29 ноември, во „Куба либре“ настапува Ѓоко Танески со неговиот бенд.

Забавата почнува во 22 часот.

Со забава што ќе се одржи во петок, 29 ноември, култниот џез клуб Џез ин, ќе одбележи 30 години постоење. За забавата ќе се покрижат музичари и стендап комичари.

Познатиот бренд „Кармен Бауцентар“ го следи трендот на намалени цени по повод омилениот „празник“ на потрошувачите, таканаречениот „Црн петок“. По тој повод цените на голем број производи во „Кармен Бауцентар“ се со значително снижени цени, а така ќе биде до крајот на викендот, односно 1 декември. Понудата на производи на попуст во „Кармен Бауцентар“ може да ја погледнете ТУКА.

Продажниот салон на „Кармен Бауцентар“ во Охрид ќе го најдете на добро познатата локација на улица „Железничка“ бр. 3.

Во петок вечер, во фиш и лаунџ бар Лихнидос, настапуваат Тајфата и Димитар Андоновски.

Забавата почнува во 21 часот.

На 30-ти ноември, сабота, во 18:30 во кафе-бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Небо во кафез“ од Долорес Атанасова-Лори.

Промотор на книгата ќе биде Наташа Сарџоска, а избор од песни од новата книга ќе читаат Пере Ристески, Д.А.Лори и Наташа Сарџоска.

Охридскиот Народен Театар во сабота, 30 ноември, премиерно ќе ја изведе новата претстава „Хотел ни на небо ни на земја”, работена според текст на Ерик Емануел Шмит, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Ирена Илиевска, Елизабета Стефановска, Стефан Николиќ и Мила Коруновска.

Претставата почнува во 20 часот.

Оваа сабота, 30 ноември, за забавата во „Куба либре“ ќе се погрижи диџеј Гец.

Забавата почнува во 22 часот.

Фудбалскиот клуб Охрид, активно ќе се приклучи во мисијата за собирање на потребните финансиски средства за лекувањето на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо во Италија.

По тој повод, клубот одлучи сите средства од билетите од претстојниот второлигашки дуел со Кадино кој се игра во сабота, 29 ноември, во 13 часот да ги уплати на сметката од неуморниот борец и љубител на спортот

Дојдете на стадион, навивајте за Охрид и донирајте за Тачо!

Во недела, 1 декември, во ресторан Бонанца музичко уживање во ручек време со маестрото на пиано Никола Јосифоски.

Опуштањето почнува од 14 часот.

 

Во време на динамичен живот исполнет со бројни обврски, заедничките моментите минати со семејството или блиските се вистинска драгоценост. Квалитетно поминатото време, пак, е бесценето. Затоа „Sky Corner“ ја збогати понудата со неделен ручек кој на традиционалното дружење му дава нова димензија и квалитет.

Почнувајќи од 1 декември, неделното попладне во ресторанот на „Sky Corner“ е резервирано за ручек – дружба.

За популарните настани во градот редовно информирајте се во рубриката „Што, Кога, Каде“ и специјализираните содржини на OhridNews.

OhridNews