Тој кажа дека во корисничкиот центар на ЕВН во Охрид најголем број од барањата се однесуваат токму на промена на адресата на која ќе пристигнуваат сметките за потрошена електрична енергија.
Во врска со цената на електричната енергија во земјава, Ковачевски истакна дека таа ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, до која ЕВН согласно законот ги доставува извештаите за трошоците во работењето. Ковачевски смета дека граѓаните можат многу да заштедат на сметките за електрична енергија доколку рационално ја користат струјата.
– Доколку разумно ја користиме електричната енергија и штедиме, сигурно ќе плаќаме помали сметки, вели Ковачевски.
Тој укажува дека и покрај зголемената потрошувачка на електрична енергија во летниот период заради користење на разладните уреди и друго, системот во Охрид е стабилен.
–Дефектите кои се јавуваат се должат на невреме и веднаш се отстрануваат, така што ЕВН прави се што може да им излезе во пресрет на граѓаните, за што се воведени и поголем број телефонски линии за пријавување на дефекти.-истакна Ковачевски.
Проблем за компанијата, но и за граѓаните и натаму претставува неодговорниот однос на поединци кои нелегално се приклучуваат на електро мрежата, но таквата појава бележи тренд на опаѓање, вели Ковачевски.
–Тој проблем беше поизразен порано, но полека се воведува ред благодарение во најголем дел на акцијата за легализација на сите нелегално приклучени, кои ја крадеа струјата на сметка на граѓаните кои легално се приклучени на системот. Оттогаш бројот на случаи на крадење струја е намален, а придонес кон тоа даде и замената на старите со нови броила кои имаат поголема заштита и секој обид за корекција на потрошената електрична енергија се регистрира, додава Ковачевски.
Тој потенцира дека најмногу забелешки и натаму има околу висината на сметките и новиот начин на пресметување на потрошената електрична енергија, за што стигнуваат и најмногу поплаки до кол центарот на компанијата и истурените отворени канцеларии.
-Свесни сме дека доаѓа до одредени забуни и затоа сме отворени за граѓаните да им објасниме се што ги интересира. Сметките се транспарентни, она што е прочитано тоа и се наплатува. Секој кој смета дека повеќе му е наплатено во секое време може да донесе состојба и да побара корекција на сметката. – вели Ковачевски.
Менаџерот за односи со јавност во ЕВН, најави дека компанијата во иднина ќе соработува повеќе со локалните медиуми со цел граѓаните подетално да бидат информирани за се што ги интересира и да можат полесно да се решаваат проблемите кои тие ги имаат во својата општина.