OhridNews од денеска ја збогатува информативната понуда со специјализирана емисија Спорт+, во која ќе се занимаваме со актуелностите од спортот во градот и регионот. Во премиерното издание на Спорт+ гости се  Филип Кривокапиќ од ГРК Охрид и Александар Бакулески од ГФК Охрид.

Филип Кривокапиќ – ГРК Охрид

ГРК Охрид во недела од 14:30 во салата „Билјанини извори“ на отворањето на овата сезона во ракометната Супер лига го пречекува тимот на Тиквеш.

Атмосферата во екипата е одлична, среќни сме што конечно публиката се враќа на натпреварiте и со поддршка на верните „Рибари“ верувам делка ќе оствариме успех против Тиквеш. – изјави во Спорт+, централниот бек на ГРК Охрид Кривокапиќ.

Александар Бакулески – ГФК Охрид

Фудбалерите на Охрид, исто така во недела, од 16 часот, на стадионот „Билјанини извори“ ја пречекуваат екипата на Силекс во рамки на третото коло од Втората лига – Запад.

По квалитетот овој натпревар ќе биде на ранг на прволигашка средба. Ги поканувам љубителите на споротот и нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да уживаат во натпреварот. – истакна Александар Бакулески.

Премиерно издание на Спорт + на OhridNews

Г.М.