Охрид викендов пулсира во ритамот на музиката. Исклучителната понуда кулминира со настапот на светски познатиот ди-џеј Роџер Санчез синоќа на плажата Немо, и концертот на легендарниот американски гитарист Џорџ Бенсон, кој ќе настапи вечерва на Античкиот театар.


Џорџ Бенсон


Бенсон во Охрид доаѓа од Белград каде имаше настап, а слободниот ден помеѓу двата концерти џез ѕвездата го искористи за разгледување на убавините на македонскиот туристички бисер.

Ohridnews