За вљубениците во спортот во Охрид викендот кој доаѓа ќе биде вистински празник, бидејќи спортска понуда има како никогаш до сега.


Охриѓани в сабота на менито имаат елитна кошарка и ракомет кој допрва ќе ги донесе најквалитетните екипи во нашиот град.

„Галебите“ против составот на Пелистер го играат последниот натпревар на домашен терен сезонава, додека „гладијаторите“ во „Билјанини Извори“ против „фармацевтите“ ги започнуваат возбудувањата во мечевите за титулата во Супер лигата.


В недела женскиот ракометен клуб Лихнид ќе бидат организатори на завршниот турнир во кадетската конкуренција. Ракомет ќе има претпладне кога на програмата се полуфиналните мечеви и попладне кога се финалните натпревари.


Измеѓу ракометот на „Атина Бојаџи“ составот на Охрид во рамките од Третата фудбалска лига ќе го пречека фенерџијата на табелата Могила. Дуелот со последнопласираниот тим ќе биде одлична шанса за охридските бели да ја забележат првата победа пролетва по еден пораз и три нерешени средби.

Сабота:

13:00ч. АВ Охрид – Работнички (кошарка М18)

17:00ч. АВ Охрид – Пелистер (кошарка)

19:30ч. Охрид – Еурофарм Работник (ракомет)

Недела:

Ф4 турнир во ракомет:

11:00ч. Металург – Лихнид

12:45ч. Вардар СЦЈС – Куманово

18:00ч. Мало финале

19:45ч. Финале

16:00ч. Охрид – Могила (фудбал)

OhridNews