Со натпреварите од 11 коло викендов продолжува трката по бодови во првата и втората македонска фудбалска лига . На “Билјанини“ во Охрид со почеток во 14 часот охридските сини ке го пречекаат Вардар од Неготино. Фудбалерите на Илинден гостуваа на Нов Милениум.

Ракометарите на Климент Охридски на домашен паркет ке играат против Младост од Ресен. Натпреварот започнува во 14 часот.

Кошаркарите на АМАК по првата победа во првенството над Вардар ги очекува тешко гостување во Кавадарци кај еден од фаворитите Фени Инд.

Кошаркарките пак на Билјана гостуваат во Скопје на Водњански Лисици.

Кошаркарите на Колибри генерација 94 год. ги започнуваат натпреварите во кадетското првенство, а во првото коло на домашен терен во салата во О.У. Христо Узунов ке ја пречекаат екипата на Струмица.

Колибрите генерација 92 гостуваат во Штип.