По паузата поради настапите на македонската фудбалска репрезентација, викендов на терените се враќаат вторлигашите. Екипата на ФК Охрид гостува во Кичево кај последно пласираниот Влазрими од каде се очекува охриѓани да се вратат со цел плен. Снимка од натреварот ќе може да погледате на локалната НТВ во недела во 17 часот .
На останатите натпревари Илинденци гостуваат кај Тетекс додека струшки Караорман гостува на Турново. Скопје – Вардар Д, Нов Милениум – Миравци , Брегалница – Металург , Маџари – Слога, Алумина- Беласица, Локомотива – Дрита . Натпреварите почнуваат во 13 часот.
Дербито на 15. коло од домашното првенство меѓу Вардар и Работнички ќе се игра сабота од 13 часот, на Градскиот стадион во Скопје. Комшиите од Градскиот ќе одиграат 3 меча во следните 20-ина дена, бидејќи имаат двомеч во четврт-финалето на Купот. На останатите натпревари во првата фудбалска лига ке играат :
Напредок – Башкими, Силекс – Шкендија, Цементарница 55 – Македонија Ѓ.П, Ренова – Победа и во Битола Пелистер – Милано, натпревар кој ќе го води охриѓанецот Шулески Стевче а ќе му помагаат Негриески Кирил од Струга и Неделкоски Драган од Охрид, 4 судија е Ецкоски Марјан .
По двонеделната пауза на теренот се враќаат кошаркарите на АМАК СП кои викендов гостуваат на Вардар Осигурување. Натпреварот се игра во недела во 18 часот(пренос МТВ).
11 коло во Првата лига – мажи го отвараат вечерва Струмица и Пелистер, а утре лесни победи се очекуваат за Фени против Карпош, односно МЗТ Скопје против Маврово. Слободна е екипата на Работнички.
Во 7. коло во Првата македонска кошаркарска лига – жени кошаркарките на Билјана 006 на домашен терен ќе ја бркаат само втората победа во шампионатот. На гости им доаѓа тимот на Гостивар. Натпреварот се игра во недела во салата Билјанини извори во 16.00 часот. На останатите терени играат Пелистер – Водњански Лисици и Младинец – Вигор Скопје .