По две победи во серија во третата натпреварувачка фаза, кошаркарките на Билјaна 006 на домашен терен ја пречекуваат последно пласираната екипа на Куманово. Охриѓанки, на две кола пред крајот, во трката за обезбедување што подобро место во разигрувањето се наоѓаат на четвртата позиција со 22 бода.

На остатите натпревари : Вигор – Пелистер, Изградба К.М –  В.Лисици

Табела :

Вигор С 15 29
2
Младинец 15 26
Пелистер 15 23
Билјана 006 15 22
В, Лисици 15 21
Куманово 15 20

По колото во кое беа слободни, охридските бели, трката по бодови ќе ја продолжат на гостувањето во Струмица, кај Беласица. Поради суспензија охрѓани нема да може да сметаат на капитенот, Зоран Лошкоски кој ќе паузира на наредните два натпревари. Во првиот натпревар од есенскиот дел од сезоната, на Билјанини, Охрид со 3-0 ги совлада “кенгурите“, што е највисок триумф во сезоната за охриѓани.
 
Натпреварите се играат во Сабота во 15 часот.

Маџари –  Скопје
Брегалница  Нов Милениум
Миравци  –  Локомотива 
Металург –  Вардар Д 
Слога Ј –  Караорман 
Беласица ГЦ –  Охрид `04
Тетекс –  Влазрими  
Алумина –   Турново
Дрита   слободна

Табела

1 Турново 21 45
 2 Металург 20 42
 3 Миравци 20  39
 4 Дрита  21 38
 5 Скопје 21 37
 6 Тетекс   21 34
 7 Беласица ГЦ 21 33
 8 Слога Југомагнат 21 32
 9 Нов Милениум 21 25
 10  Вардар Декамел 21 25
 11  Маџари 21 24
 12  Охрид `04 20 23
 13  Алумина 21 21
 14 Брегалница 20 20
 15 Локомотива 21 20
 16 Караорман 20 18
 17 Влазрими 21  11

Викендов се играат натпреварите од втората рунда во општинскиот фудбалски куп. Во недела со почеток во 15 часот, се среќаваат Борец – Сатеска,  Рудар – Славеј.

Третата последна фаза од мечевите се игра во прволигашката конкуренција. Два од шесте натпревари се играат во Сабота во 15 часот  Работнички – Македонија , односно Милано – Напредок . Во недела на Градски Вардар – Силекс, а главен судија е Ецкоски Марјан од Охрид. Во Битола, Пелистер игра против Шкендија, на центар е  Шулески Стевчо а ќе му помагаат  Неделкоски Драге и Тодоровски Жарко.  Победа – Цементарница и Ренова – Башкими го комплетираат колото.