Продолжениот празничен викенд донесе убаво време во кое уживаат бројните гости на ривиерата. И денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Охрид до 20 степени.

Во наредните денови од УХМР најавуваат период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Наутро ќе биде посвежо, а од средината на работната недела и со услови за појава на утринска магла.