Викендов во фудбалска Европа се играат неколку дерби натпревари во најсилните лиги.

Реал Мадрид – Барселона (сабота 21:00ч.)

Првото Ел класико оваа сезона се игра во Мадрид. Реал (2) и Барселона (1) пред најголемото дерби во светот на „Сантјаго Бернабеу“ се во одлична форма. Реал со пресврт ја совлада Борусија со 5:2 во Лигата на шампиони, а Барселона го демолира Баерн со 4:1.

Арсенал – Ливерпул (Недела 17:30ч.)

Водечкиот Ливерпул ќе го има најсериозниот тест оваа сезона на гостувањето кај вицепрвакот на Англија Арсенал. Двата тима ги мачат повреди, иако се чини дека Арсенал има повеќе проблеми во тој дел. Поделго време го нема Одегард, а под знак прашање се Сака, Калифори и Тимбер. Кај Ливерпул ќе отсуствуваат Алисон и Диого Жота.

Интер – Јувентус (Недела 18:00ч.)

Деветтото коло во Сериа А го носи првото Дерби на Италија оваа сезона помеѓу Интер и Јувентус. Домаќин е актуелниот шампион Интер. Нероазурите се втори на табелата со 17 бода, Јувентус е трет со 16 бода.

Г.М.