Претстојниот викенд охриѓани и посетителите ќе може да уживаат во добра забава и културни настани.
Вo “Cuba Libre” на 30 ноември, петок, настапува бендот „Шајн“ на познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски.
Забавата почнува во 22 часот.
Во фиш и лаунџ бар „Лихнидос“, во петок, 30 ноември, настапуваат Бобан и Стојне. Во сабота, 1 декември за забавата во фиш и лаунџ бар „Лихнидос“ ќе се погрижи „Селект бенд“.
Забавата почнува во 21 часот.
Во сабота, 1 декември, во НУЦК “Григор Прличев” – Народен Театар Охрид, од 20:00 часот, ќе биде изведена четвртата епизода од петтата сезона на мегапопуларната Импровокација. Ќе дознаете која е разликата помеѓу зимските гуми за џвакање и зимските гуми за возење. Дали Мирко навистина му го спасил животот на Славко? Зошто 1 декември е Светски ден за борба против СИДА-та… За овие и за други прашања кои го мачат космосот ќе полемизираат луѓето од естрадата: Филип Кипровски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, со вокално-музичка поддршка од:Филип Ангеличин-Жура и Никола Јосифоски.
Импровокацијата почнува во 20:00 часот.
Билети во ограничен број во Музичка продавница Зи Зи Топ.
Во сабота, 1 декември, во „Куба либре“ настапува Ѓоко Танески.
Забавата почнува во 22 часот.
Во недела 2 декември, во „Куба Либре“ од 13.30 до 16.30 часот гостите ќе ги забавува магионичарот Марло.
За настаните од забавата и културата редовно информирајте се во рубриката „Што, Кога, Каде“ на најпосетуваниот интернет портал во регионот – OhrodNews.
OhridNews