И овој викенд Охрид нуди квалитетни настани и добра забава.

Вечерва, 25 август, на плажата Бонанца од 21 часот акустичен концерт ќе одржат Нокаут. На репертоарот ќе бидат бројнтеи хитови кои бендот ги има создадено од постоењето до денес.

Исто така денеска, 25 август, во фиш и лаунџ бар Лихнидос, настапува Фактор бенд.

Забавата почнува во 21 часот.

На плажата Куба либре во сабота вечер латино забава со кубански танчери, а во недела, 26 август,  настап во живо на бендот Шајн.

Забавата почнува во 13 часот.

Во недела, 26.08., во фиш и лоунџ бар Лихнидос, настапува Ристе Ристески.

Забавата почнува во 21 часот.

За овие и другите настани од забавата во Охрид информирајте се редовно во рубриката „Што, Кога, Каде“ на нашиот портал.

OhridNews