Спортските гурмани во Охрид можат задоволно да тријат раце, бидејќи пред нив престои викенд исполнет со богата понуда од сите спортови.

Менито на љубителите на спортот ќе започне со кошаркарскиот меч помеѓу АВ Охрид и Блокотехна, кој е закажан в сабота со почеток во 18 часот. „Галебите“ на домашен терен со поддршка од охридската публика ќе атакува на првата победа во македонската кошаркарска елита.

В недела во 13 часот, Фудбалскиот клуб Охрид Линхидос го игра последниот меч во есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига. Ривал на охридските фудбалери е составот на Лирија од струшкото село Заграчани.

Во 19 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, Ракометниот клуб Охрид во дербито на колото во Супер лигата ќе го пречека тимот на Пролет. Ракометарите на Пролет се големи должници, бидејќи се една од двете екипи која успеа да го совлада охридскиот ракометен состав.

Богатата спортска програма ќе биде надополнета со   мечевите на охридските екипи во младинските категории. Во сабота претпладне има фудбал од Детската и Регионалната лига. В недела во спортската сала силите ќе ги одмерат Охрид – КЛ7 во пионерската ракометна конкуренција, а потоа следува дуелот помеѓу Лихнид и Вардар во Младинска женска лига.

Програма:

Сабота

Прва лига: КК АВ Охрид – КК Блокотехна (18 часот) – пренос во живо

Недела

Трета МФЛ: Охрид Лихнидос – Лирија Заграчани (13 часот)

Супер лига: РК Охрид – РК Пролет (19 часот)

OhridNews