Охридската полиција и овој викенд со полни раце работа. Најголемиот дел од евидентираните настани се за насилство и нарушување на јавниот ред и мир.

На 30.03.2024 година во 11 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 29-годишен охриѓанец кој, претходно бил агресивен кон членови на неговото семејство. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Ноќеска во 01.20 часот во СВР Охрид, приведено било 41-годишно лице од Охрид кое претходно, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, физички нападнал 26-годишен сограѓанин а потоа, заедно со уште едно лице физички нападнале 31-годишен охриѓанец. По целосно расветлување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски..

На 30.03.2024 година во 21.30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице, физички го нападнал главниот судија. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, посочи портпаролот Димоски.

На 31.03.2024 година во 05.50 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен бил жител на селото Велмеј, општина Дебрца. Тој претходно, бил агресивен и ги омаловажувал полициските службеници, кои преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димоски.

OhridNews