Продолжениот празничен викенд во октомври ќе биде викенд без ДДВ, најави премиерот Зоран Заев во интервју за порталот „Локално“.

Конечно, продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ за сите граѓани, мерка што ја најавивме пред некое време, а со овој пакет истата ќе се реализира, па граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цен. – рече Заев.

Премиерот истакна дека четвртиот пакет мерки што се претставува неделава ќе обезбеди директна помош за стопанството и работниците.

Повеќе детали за најновиот пакет мерки ќе бидат соопштени денеска на пресконференција.

OhridNews