Билјана 006 – Вигор 68-57 (23-10, 17-18, 17 – 15, 11 – 14) 

Со подобра игра во текот на целиот натпревар Билјана 006 го совлада Вигор нанесувајки им го првиот пораз годинава ,со што го намали резултатот во финалната серија во разигрувањето за титулата на 2-1 . Домаќинките мотивирани влегоа во натпреварот ,разликата ја направија во првиот период благадерние на расположената Кузеска која со три тројки во серија ги одведе охириѓанки на +13 .Во вториот период гостинките се обидоа со пресинг игра да го анулираат високото водство, стигнаа на -4 но тоа беше се што успеаа да направат.Работата во свои раце ја превзедоа искусните Балазоска и Георгиева кои искомбинираа 43 поени одведувајќи го натпреварот во мирна завршница. Гостинките преку Стојановска (20 поени) пробаа во последниот период да го надоместат загубеното, но финишот беше задоцнет.

Заслужена победа на охриѓанки. Девојките во натпреварот влегоа многу релаксирано мислејки дека работата е завршена, таквата опуштеност не чинеше пораз во серијата.Сепак ние имаме  2-1 предност и очекувам со победа во наредниот натпревар да ја затвориме серијата  – изјави по натпреварот тренерот на Вигор,  Видое Секуловски.

На овај напревар покажавме дека сме поквалитетна екипа од Вигор ,но наш најголем противник е немањето на клупа ,бидјеки натпреварите ги играме практично со една петорка.Предноста на Вигор е во нивната долга клупа,но ние не се предавме и одиме на победа во Скопје  – вели капитенот Балазоска .

Наредниот натпревар од серијата се игра во среда од Скопје .