Актерот Виго Мортенсен е во преговори за улога во филм за Дракула, под наслов “Last Voyage of the Demeter”, пренеле американските медиуми. Ѕвездата на филмовите „Опасен метод“ и „Руски ветувања“ наводно ќе ја игра главната улога, односно улогата на Хенри Клеменс.
Филмот ќе биде приказна за екипажот на бродот кој го превезува ковчегот на Дракула назад во Трансилванија. Режисер на филмот ќе биде Нил Маршал. Капетанот на бродот би требало да го глуми Бен Кингсли, додека актерката Нуни Рапас би требало да игра лик со име Ана Билинготн. Мортнесен исто така би требало да се појави и во новото продолжение на филмот „Руски ветувања“.