Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако. Најголемо намалување на бројот на милионери има Нигерија од 48 отсто, а потоа Бразил и Русија со 28, односно 26 отсто.

САД и покрај тоа што се на деветтото место со раст од 62 отсто, сепак се на прво место во светот со речиси 5,5 милиони милионери.

Виетнам, чија економија е во пораст како Кина и Индија, со раст од 98 отсто, денеска има 19.400 милионери, според „Вижуал Капиталист“ (Visual Capitalist), кој прецизира дека извештајот се наведени поединци кои имаат ликвидно инвестициско богатство од еден милион долари или повеќе.

Бројките, додаваат тие, се заокружени до најблиската стотка и ги претставуваат жителите на секоја земја до декември 2023 година.

Индија и Кина добија стотици илјади нови милионери во последните десет години, консолидирајќи ги своите позиции како главни играчи во глобалното богатство.

Кина, каде бројот на милионери порасна за 92 отсто, денес има повеќе од 860.000, а Индија со раст од 85 отсто има 326.000 милионери.

Маурициус, кој е на третото место на листата на земји со најголем раст на бројот на милионери, зад Индија и Виетнам, денеска има 5.100, со раст од 87 отсто.

На петтото место се Обединетие Арапски Емирати каде има 116.500 милионери со раст од 77 отсто.

Во Европа најмногу милионери имаат Швајцарија, Португалија, Италија, Франција, Германија, Грција и Велика Британија, кои бележат намалување и денеска ги има 602.500. Сите оние европски земји кои бележат раст на милионери се рангирани до 22 место.

OhridNews