Рапид ја совлада Австрија Виена како гостин со 1-0 и по две и пол години се радуваше на победа во “Винер Дерби“. До 125. победа во 307 меч “зелено-белите“ стигнаа со голот на Теренс Бојд во 88 минута.
– Прекрасно е чувството да се “освои“ Виена и тоа на гостински терен. Овај меч е меч кој се игра за навивачите, токму нив им го посеветувам овој гол и оваа победа – рече “меч винерот“ Бојд.
Рапид имаше контрола на играта, но најдобрите прилики ги имаа “виолетовите“ кои преку Хосинер и Киенаст ја погодија пречката на голот на Новота.
– Пех, не следи малер. Овие вакви можности минатата година завршуваа со погодок- рече Киенаст кој ја имаше најзрелата прилика за домаќините.
По 13 рунди лидер во Австриската Бундеслига е Ред Бул Салцбург со 31 поен, Рапид е трет со 20, додека минатогодишниот шампион и учесник во Лигата на Шампиони, Австрија Виена се наоѓа на 5. место со 15 поени.
Од Виена, Австрија : Мирко Постоловски