Еден од најмаркатните фудбалски тренери на денешницата Џовани Трапатони се повлече од клупата на селекцијата на Р.Ирска. Популарниот “Трап“ не ја преживеа “вртелешката“ на Пратер во Виена. Поразот од Австрија со 1-0 значеше крај на репрезентативната кариера на најтрофејниот клупски тренер во фудбалската историја.

Сакам да им се заблагодарам на сите што ми ја даваа поддршката во изминатиот период, таа беше од огромна значење за мене и за стручниот штаб. Ја напуштам оваа земја со голема почит кон навивачите на Ирска, познати како едни од најдобрите во светот. За жал, не успеавме да се пласираме на Светското Првенство, па најдобро ќе биде оваа селекција да сврти нов лист – изјави Трапатони.

Своето заминување го обелодени ден по напуштањето на австриската престолнина иако јавна тајна беше дека поразот во “мечот да се биде или не“ ќе значи крај на неговата Ирска одисеја.


По доаѓањето на Трапатони на клупата мислевме дека го имаме најдоброто. Со сите тие освоени клупски трофеи со неговата биографија , но ете тоа гледате не се случи, Тој е готов, коментираа ирските новинари кои на “нож“ го пречекаа Трапатони во Виена.

Но наспроти ваквиот тврд став на преставниците на седмата сила, бројките велат нешто друго. Трапатони по пауза од 24 години ги одведе Ирците на Европскиот континетален собир во 2012 во Полска и Украина. Две години претходно “Божјата“ рака на Тиери Анри ја елиминираше Ирска во плеј офоот за светскиот шампионат во Јужна Африка. Во 2011 година под водство на Трапатони, ирците го освоија “Купот на Нациите“ во конкуренција со Велс, Шкотска и Северна Ирска.

–  Направивме доста со селекцијата на Ирска, оној меч со Франција е нешто што не сакам да се потсетам. Но , успеавме да се пласирме на ЕП ( Ирска беше во група со Македонија и два пати ја совлада 2-1 во Даблин и 2-0 во Скопје). Да точно, не поминавме најдобро таму, но ќе ве молам потесетеме со кого игравме во групата ? Да со Хрватска, и ? Да , да Шпанија и Италија. Репрезентации кои играа во финалето – коментира Трапатони.

Но овој циклус работите не одеа најдбро за Трапатони и “зелената“ армија. Поразите пред се` на домашен терен од Германија и Шведска широко ја затворија вратата.
 
Групата беше тешка и знаевме дека нема да биде лесно. Ништо не е невозможно, но таков е фудбалот некогаш ќе успееш некогаш не.Сметам дека добро ја одработев својата задача промовирајќи повеќе младински реперзентативци во сениорскиот тим.  Потенцијал има но најголемата кочница за поголем успех на репрезентативен план ја гледам во слабата фудбалска лига во Ирска. Голем дел од фудбалерите играат во Англија и тоа во клубовите од Чемпионшип дивизјата. Без силна домашна лига, каде младите фудбалери ќе добиваат повеќе шанса, и ќе се работи со повеќе трпение ќе биде се потешко и потешко – смета Трапатони.


 
Џовани Трапатони ги има освоено сите можни клупски трофеи, со четири различни клубови станал шампион во четири различни земји. Јувентус (Италија), Баерн Минхен (Германија), Бенфика (Португалија), Ред Бул Салзбург (Австрија) ,тој  напомена дека небо и земја е разликата во работата на клупски и реперзентативен план.

– Во клубот имаш многу повеќе време да разговараш да бидеш со фудбалерите. Вака во репрезентацијата, тие доаѓаат само неколку дена во кои ништо значајно не можеш да промениш. За тоа време неможеш битно да ја подобриш физичката кондиција,повредите, туку само работиш на тактичките замисли и идеите кои фудбалерите треба да ги спроведат на теренот – вели Трапатони.

На две рунди пред крајот харизматичниот италијанец ги пакува куферите и се враќа во Италија, заедно со неговиот тим каде од првиот ден беше Светскиот првак од 1982 година, Марко Тардели.
 
 – Неколку години работам со Трап, тој е прекрасен човек и извонреден менаџер –  рече кратко Тардели.

Иако подложен на жестоки кртики од медиумите поготово по тешкиот пораз на домашен терен од Германија со 6-1, Трапатони до последно ја имаше подршката на фудбалерите.

– Секогаш сум бил зад тие кои го носеле и го бранеле зелениот дрес, дали биле фудбалери, дали тоа биле луѓето од техничкиот тим. Така беше и во случајот со Трапатони. Тој беше наш менаџер и го сакаше најдоброто за репрезентација.Сакаме да играме на големо натпреварување, но овој пат тоа не се случи и тука е крајот на приказната. Одлуката не е моја, но сите ние ќе ја почитуваме – потенцираше Роби Кин рекодерот по бројот на настапи (129) и постигнати голови (60) кој не ја затвори вратата од репрезентација.

Австриските медиуми како и селекторот Марсел Колер со восхит говорат за италијанецот Трапатони кој со Ред Бул Салцбург ја освои Австриската Бундеслига во 2006 година.
 
 – Имам огромен респект за се она што го има постигнато господинот Трапатони. На негови 74 години ме фасцинира неговиот ентузијазам за работата. Со текот на годините тој делува подмладено и веројатно енергијата ја црпи од момците со кои тој работи. Тој е еден од нашата група. Таа е мала, во порази е изложена на удар, во победа подгината до небо. – рече Австрискиот селектор Марсел Колер. 


Марк Јанко еден од фудбалерите на Ред Бул со кои Трапатони работеше за време на неговиот престој во Австрија имаше пофални зборови за италијнецот.
 
– Секогаш се радувам на средбите со Џовани. Тој е еден супер човек и работата со него никогаш не ви досадува. Голем мотиватор кој знае да го извлече најдоброто од секој еден фудбалер  – рече Марк Јанко

Полиглотот Трапатони бил од секогаш интересен за новинарите. Човекот кој без пардон зборуваше на прес конференциите, остана запаметен по бесот кој го искажа кон фудбалерите на Баерн Минхен, Штрунц, Шол и Баслер и тоа на лош германски.

Но, и ако Трапатони потенцираше дека по добро ја памети Австријата, домашните медуими го потесетија дека најголемиот пораз кој го доживеал Трапатони во својата клупска кариера бил во Салзбург и тоа против Рапид со 7-0.

Уште еден пораз во Австрија овој пат минимален 1-0 може да стави крај на една извонредна фудбалска кариера.

Од Виена, Австрија : Мирко Постоловски