Со декларацијата усвоена на самитот за Западен Балкан во Виена земјите учеснички се обврзаа дека меѓусебните несогласувања нема да ги злоупотребуваат една против друга во процесот на европските интеграции, како и дека ќе ја прифатат поддршката на Европската унија во решавањето на билатералните спорови.

На самитот е заклучено дека е потребно поголем напор за да се забрзаат домашните реформски процеси, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Што се однесува до Македонија се наведува дека е неопходно да се зголемат напорите за изнаоѓање компромис меѓу Македонија и Грција за спорот со името.

Во врска со илегалната имиграција лидерите го потенцираа значењето на организирање конференција на високо ниво, посветена на предизвиците на западно балканската рута.

OhridNews

Извор:„Радио Слободна Европа“