Во конкуренција на 40 најголеми зоолошки градини во Европа кои годишно ги посетуваат повеќе од милион посетители, Виенската е прогласена за најубава. Во скоро сите натпреварувачки категории тие го постигнале најдобриот резултат. Меѓу нив се вбројуваат бројот на посетители и бројот и различноста на животинските врсти.


Оваа зоолошка градина е најстара во светот и е отворена 1752 година во тогашната царска летна резиденција. Цената за возрасните посетители чини 14 а за помладите 6 евра. За претшколските деца влезот е слободен.