Бодовите од мечот со Преспа во плејаут лигата како никогаш до сега му се потребни и неопходни на охридските ракометари за опстанување во Супер лигата уште една сезона.

Ракометарите сезонава со одличните игри покажаа дека местото на Охрид му е во елитата, а ќе треба да го повторат уште еднаш пред своите гледачи против Преспа.

Во 19 часот сите патишта на охриѓани водат кон спортската арена „Билјанини Извори“ и сите заедно да ги поддржиме нашите миленици, а тие пред полни трибини знаат како треба.

Пецак, Меци, Гига, Тоше, Крсте, Чкилја, Ресен, Васко, Аце, Тасе, Атанас, Соколов, Тино, Даниел и Горан „усташ“ Андоновски, да, Вие сте на потег !!

Мх.П.