Изминатиов викенд во Улцин, Р. Црна Гора се одржа Меѓународен таеквондо турнир во олимписко теквондо „Улцин трофеј 2023“ со учество од над 450 натпреварувачи од 7 држави од регионов. Хваранг Фист учествуваше со 8 натпреварувачи во борби и двајца судии.
Ѓорѓи Петкоски и Јована Јовческа и покрај добрите борби не успеаа да се пласираат во второ коло. И покрај пласманот во полуфиналните борби сепак не успеаа да стигнат до финалето Ненад Целески, Мартин Јанкулоски и Петар Петкоски кои на крај се закитија со бронзени медали.
Доротеа Најдеска на кој и е ова втор натпревар успеа да се избори за финале каде после екстра ринда узгуби само со 1 поен разлика и го освои утешното 2-ро место и сребрениот медал.
Изненадувањето на овој натпревар ни го донесе Ахмед Синан кој по одличните борби и победите над натпреварувачите од Босна и Херцеговина и Црна Гора во финалето загуби од претставникот на Монтенегро Старс од Подгорица, Црна Гора, а со тоа му избега и наградата за најдобар кадет на турнирот, велат од клубот.
На таеквондистите им преостанува уште еден голем турнир.
OhridNews