Две екипи од ШК Ласкер Охрид учествуваа на Екипните младински првенства во шах што се одржаа во ПСУ Јаха Кемал Скопје, каде освоија видни резултати. Во категориите U10 учествуваа Хамза Мехмед, Мартин Серафимоски, Марко Попоски и Драган Анѓелески, додека во U18 Константин Лушески, Никола Николовски, Михаил Николовски, Елена Лушеска и Емилија Лушеска.
Во категоријата U10 беа пријавени 10 екипи, се играше на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 4 место. Во категоријата U18 беа пријавени 7 екипи, кои беа поделени во две групи кои играа на четири табли по Бергер систем секој со секого, првите две екипи од секоја група, формираа финална група каде се одлучуваше конечниот пласман. Според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 3 место, информираат од ШК Ласкер Охрид.
На првенството учествувале рекордни 240 деца од 13 шаховски клуба од Македонија во категории U08, U10, U12, U14, U16 и U18.
ШК Ласкер Охрид финансиски е помогнат од Општина Охрид.
OhridNews