Атлетичарите од АК „Охрид” со видни резултати на поединечно Сениорско првенство на Македонија во атлетика кое се одржа изминатиот викенд на 9-10 јули.
Јован Стојоски рутински го зазеде првото место во спринтерските дисциплини: 100м,200м и 400м кад на трката на 200м за 15 стотинки му побегна шансата да го подобри државниот рекорд кој е во негова сопственост.
Стефан Стефаноски триумфираше во неговата дисциплина – фрлање диск. Во останатите фрлачки дисциплини, тој го освои третото место во фрлање кладиво, додека во фрлање ѓуле го пропушти бронзениот медал за само 11 цм.
Блаже Љушев го освои второто место во скок во далечина, додека вториот натпреварувачки ден беше со 2 златни одличја на трката на 110 метри со пречки и во дисциплината трискок.
Во женска конкуренција, Искра Маџоска го освои третото место на трката на 100м додека еден час подоцна на трката на 400м го освои второто место. Во трката на 200м, во вториот дел од трката имаше тесна борба помеѓу третата, четвртата и петтата девојка, за жал, на крајот Маџоска заврши на петтата позиција.
Сезоната за сениорите заврши, додека Маџоска се припрема да ги брани боите на АК „Охрид” на Младинскиот куп на Македонија во месец септември.
OhridNews