Поради појава на магла, намалена видливост до 150 метри има на планинските превои Стража, Буково и Плетвар, а на планинскиот премин Ѓавато видливоста е до 50 метри. Според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта во Македонија утрово се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

AМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews