Сите посетители на Охрид, на 15 август (вторник) во Објектиф бар од 20 часот ќе имаат можност да ја видат несекојдневната изложба на фотографии со наслов „ Сххх… Гола сум!“ на Марина Трајковска.
Изложбата ќе биде од отворен карактер а гостите ќе ги забавува Dj Nasty Deluxe кој зад себе има интернационална кариера.
За Трајковска која се занимава со филм и фотографија повеќе од пет години, ова ќе биде прва самостојна изложба. Таа е апсолвент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек театарска и филмска драматургија.
„Женското тело како голо тело многу пати е и злоупотребувано;”продавано” за ситни пари. Овие слики зборуваат за она што се молчи, зборуваат за несовршеноста на совршената креација, за онаа невидлива енергија која е материјализирана во едно тело. Голото тело не е порнографија, тоа е најчистата форма, ова е најсуптилно заведување.“, вели Трајковска за инспирацијата за претстојната изложба.
Марина Трајковска е редовен учесник и на меѓународни филмски фестивали. Меѓу другите ангажмани, таа неколку години ги потпишува и бекстејџ видеата на Моден викенд Скопје.
OhridNews