Генералниот секретар на ЕХФ Михаел Видерер имаше “лесна“ рака и ги извлече посакуваните противници за македонските ракометни тимови . Тој потенцираше дека ЕХФ е среќна што за прв пат има “градски дуел“ на мените во Лигата на Шампиони. Пласманот во ТОП 16 на Вардар и Металург за него не изненадување.
– Тоа е огромен успех за македенскиот ракомет, кој бележи серија успеси, како на клупски така и на репрезентативен план. За мене нема изененадување од таа страна. Посебно ни е драго што двата тима играат во арената “Борис Трајковски“ и тоа е убава слика која од Македонија се праќа во Европа. Атмосферата и сето опкружување е нешто извондредно. И ние како ЕХФ сме навистина среќни поради тоа. За нас е секогаш добро кога главните градови “продуцираат“ така силни и респектабилни екипи. – рече првиот опертаивец на ЕХФ.