Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси кој и предходно ја имаше осигурано златната копачка, ја потврди со двата погодоци во мрежата на Виљареал.
Во историјата на “блауграната“ само бразилскиот ас Роналдо и Лионел Меси имаат постигнато по 34 голови во Примера Дивизион. Со оваа индивидуална награда се имаат закитено уште тројца фудбалери од Барселона и тоа: Ромарио, Ето и Мариано Мартин.
Погодоците постигнати во водечките пет лиги се рангираат со 2 поени додека од пониските лиги се рангираат со 1.5 поени.
Пласман на најдобрите стрелци во Европа:
1. Лионел Меси (Барселона) 34 погодоци, 68 поени
2. Дидие Дрогба (Челзи) 29 погодоци, 58 поени
3. Антонио ди Натале (Удинезе) 29 погодоци, 58 поени
4. Гонзало Игуаин (Реал Мадрид) 27 погодоци, 54 поени
5. Луис Суарез (Ајакс) 35 погодоци, 52.5 поени
6. Вејн Руни (Мен Ју) 26 погодоци, 52 поени
7. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) 26 погодоци, 52 поени
8. Дарен Бент (Сандерленд) 24 погодоци, 48 погодоци
9. Карлос Тевез (Мен Сити) 23 погодоци, 46 поени
10. Сејду Доумбија (Јанг Бојс) 30 погодоци, 45 поени
Гвардиола : Лионел Меси е еден и единствен
Видео : Барса побрза во фото финишот