Ексклузивно погледнете го најголемото забавно шоу во Охрид „Зимска бајка 2024 – Back to the 90s“ што на новогодишната ноќ се емитува на Охридњуз и на дигиталните платформи на порталот на YouTube и социјалните мрежи.
Сите кои не успеаја да стигнат до карта за шоуто или не можеа да го проследат од разни причини, сега можат да ја почувствуваат магијата на најголемиот културно-забавен настан во градот надвор од сезоната.
Домаќини на шоуто и оваа година беа неповторливите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, алијас „2 Mothers Brothers“, а гостин на вечерта беше извонредниот црногорски стендап комичар Андрија Дабановиќ.
Музичката магија на деведесеттите ја донесе бендот на „Зимска бајка“, годинава збогатен со гудачки квартет, дувачки солисти и хорот „Лихнидос“.
Настанот го помогнаа Општина Охрид, АСП ПАК, ПЕ ЛОГИСТИК, Хотел Чинго, Печатница Коста Абраш, Digital Box, Explore Ohrid, Трпе Инвест, Оригинален охридски бисер Талеви, Стоматолошки центар Др. Баткоски, Аптеки Виа Фарм, Пицерија Леонардо, Вила Пупин, Хотел и спа Тино – Охрид, ОДВ ЕЛЕКТРИК, Винарија С&С, ПАП – Охрид, Гостилница Боем, ЗАМП, Куба Либре, Филигран Укоески, Кадмо бар, Оригинален охридски бисер Филеви, Дискотека Инклузивив, Хотел Белведере, Вила Бисера, Жито леб – Охрид, Топ Маркет, Џелатерија Ночолино, Кармен Бауцентар Охрид, Ресторан Острово, ЈП Билјанини извори, Бутик Емили. Организаторот упати голема благодсрност до сите нив како и до Центар за култура „Григор Прличев, Црвен крст, СВР Охрид, како и до бројните волонтери, учесниците и ентузијасти кои помогнаа за успешна организација на настанот.
Наскоро OhridNews, ќе ја промовира и Годишната ревија на настани во која ќе бидат поместени најзначајните случувања од 2024 година.
OhridNews