Се’ уште силно одекнуваат коментарите за најновото издание на забавната манифестација „Зимска бајка 2017“, што викендов се одржа во Центарот за култура во Охрид, кое на охридската публика и овозможи едно поинакво културно доживување. Силните аплаузи, насмеаните и ведри лица на присутните после завршувањето на настанот само го потврдуваат квалитетот на оваа автентична охридска приказна, која расте од година во година. Настапот, пак, на музичките уметници и одличниот хумор на Two mothers brothers И Сашко Коцев со денови се главна тема на разговор во градот.

– „Зимска бајка“ како концепт расте од година во година. Позитивните реакции за настанот се само потврда дека сме на вистинскиот пат, а Охрид, како што му доликува, има публика која сака култура и знае да препознае квалитет. Им благодарам на уметниците и на сите инволвирани во организацијата на шоуто за професионалниот однос. Голема благодарност до општина Охрид и градоначалникот Јован Стојаноски за силната поддршка на настанот кој оваа година е дел од манифестацијата „Од 20 до 20 сите во Охрид“ што ја организира градот во насока на развој на туризмот и збогатување на празничната понуда на Охрид, на компанијата АСП ПАК за несебичната помош во реализацијата на манифестацијата и покажаната општествена одговорност за поддршка на хуманитарниот проект за лицата со оштетен вид, како и на сите помагатели кои придонесоа за успешна реализација на „Зимската бајка“. Се надевам дека оваа убава традиција која веќе е препознатлив бренд, ќе продолжи, ќе расте и ќе се развива. – изјави Горан Момироски, главен и одговорен уредник на интернет порталот OhridNews, организатор и медиумски покровител на „Зимска бајка“.

Како изгледаше „Зимска бајка 2017“, што кажаа учесниците и какви впечатоци понесе публиката, погледнете во краткото видео што го направи продукцијата “Love & Life”.

 

OhridNews