Ексклузивно погледнете го најголемото забавно шоу во Охрид „Зимска бајка 2024 – Back to the 90s“ што на новогодишната ноќ се емитува на Охридњуз и на дигиталните платформи на порталот на YouTube и социјалните мрежи.
Сите кои не успеаја да стигнат до карта за шоуто или не можеа да го проследат од разни причини, сега можат да ја почувствуваат магијата на најголемиот културно-забавен настан во градот надвор од сезоната.
Домаќини на шоуто и оваа година беа неповторливите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, алијас „2 Mothers Brothers“, а гостин на вечерта беше извонредниот црногорски стендап комичар Андрија Дабановиќ.
Музичката магија на деведесеттите ја донесе бендот на „Зимска бајка“, годинава збогатен со гудачки квартет, дувачки солисти и хорот „Лихнидос“.
Наскоро OhridNews, ќе ја промовира и Годишната ревија на настани во која ќе бидат поместени најзначајните случувања од 2024 година.
OhridNews